top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Словенците лудо се забавувале пред дуелот со Полска: Дончиќ и компанија се пијанчеле до пет часот на

Словенците лудо се забавувале пред дуелот со Полска: Дончиќ и компанија се пијанчеле до пет часот наутр Репрезентацијата на Словенија важеше за еден од фаворитите за златото на Европското првенство, но наместо одбрана на титулата тие паднаа во четвртфиналната рунда од Полска (90-87) која пак да не заборавиме во наредната фаза беше декласирана од Франција со 41 разлика (95-54). Тој пораз беше огрмно изненадување, сензација, шок за кошаркаската јавност со оглед на квалитетот што го поседуваат Словенците кои пак според последните информации доста го потцениле противникот и тоа им се удри од глава. Имено специјализираниот кошаркарски портал „Бхбаскет“ пренесува или поточно открива дека Дончиќ, Драгиќ и компанија лудо се забавувале токму пред пресметката со Полјаците. Информациите на овој медиум велат дека Словенците се пијанчеле до пет часот наутро во Берлин. -Словенците вешто го криеја пијанството, го турнаа под тепих, но барем сега луѓето знаат за што се работи, -се вели во дел од текстот на „Бxбаскет.ба“. Инаку избраниците на Секулиќ имаа неверојатно слабо прво полувреме против Полска и на пауза заминаа со минус 19 (58-39). По одморот се разбудија, дури и го свртија резултатот во своја полза, поведоа со пет разлика во последниот период, ама на крајот сепак загубија.



3 views

Comments


bottom of page