top of page

Словенците го „вжештуваат“ утрешниот меч на „Стожице“: Ако не ги победиме Македонците, кого ќе победиме?

Sep 28
1 min read

28.09.2026 Septemvri Ponedelnik

Македонија ја бара првата победа под водство на Гоце Седлоски во шестиот натпревар на новиот селектор, но ако се гледа и претходно ерата на Благоја Милевски, „рисовите“ се во негативна серија од девет меча без победа.

Ништо подобро не стои ниту статистиката на Словенците, кои на последните 11 натпревари имаат само една победа, па затоа најавите за оваа пресметка одат и во друга крајност од домашниот табор.

Словенечките медиуми се навистина критички настроени за играта на репрезентацијата во последните две години, а сега тие ја очекуваат првата официјална победа на дуел со натпреварувачки карактер после долго време.

– Ако не ги победиме Македонците, кого ќе победиме?, – запрашуваат од „Спорт клуб“, сето тоа како најава на утрешниот натпревар кој се игра во словенечката престолнина.

Словенија ремизираше на домашен терен против Шкотска во натпрвар во кој островјаните беа далеку подобри (0:0), додека Македонија беше целосно надиграна од Швајцарија во натпревар кој заврши 0:3.

Словенечки „Спорт Клуб“ потенцира дека избраниците на Боштјан Цесар мора да остварат победа, но исто така предупредува дека нема да биде воопшто лесно.

– Додека Словенија покажа ветувачко издание во првото полувреме од натпреварот против Шкотска, Македонците не покажаа речиси ништо на домашниот натпревар против Швајцарија (0–3). Односот во удари беше 2–23 со 0–11 во рамките на голот – во корист на гостите. Само голманот на Валенсија, Столе Димитриевски, спречи уште потежок пораз за Македонија. Тоа значи дека Македонците пристигнуваат на „Стожице“ како ранет лавови, со силна желба да се вратат во игра по саботната катастрофа, – предупредуваат од „Спорт Клуб“.


 
 
 

Comments


bottom of page