top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Словенија подобро се снајде од Македонија во неизвесната завршница

Ракометната репрезентација на Македонија беше поразена од Словенија со 25-27 во неизвесниот меч од првото коло на Европското првенство (ЕП), одигран вечерва во унгарски Дебрецин.

„Црвено-жолтите“ одлично го отворија мечот со водсто од 3-0, а потоа и 4-1, но потоа ривалот направи серија од шест гола за да го преземе водството и да го задржи до крајот на полувремето (13-10).

Селекторот и капитен Кирил Лазаров, кој поради повреда нема да биде во можност да настапи на ЕП, во второто полувреме се обиде да го нападне противникот со седум ракометари во поле, но Словенците успеаја да го одбијат налетот и да ја зголемат предноста на пет погодоци.

Македонија потоа во неколку наврати ја намалуваше предноста на противникот на еден гол, но не успеа да стигне до изедначување и Словенците славеа.

Цветан Кузманоски беше најефикасен со осум гола, а Филип Кузмановски постигна пет за Македонија, додека на спротивната страна се истакна Јуре Доленец со пет погодоци. Мартин Томовски забележа девет одбрани на голот на Македонија, додека словенечкиот голман Јоже Базник имаше 10 интервенции.

Во рамки на истата група А, вечерва се среќаваат Данска и Црна Гора (од 20.30 часот).

Македонија задутре игра против Црна Гора, додека во последниот меч од првата фаза ќе се сретне со актуелниот светски првак Данска в понеделник. Пласман во наредната фаза ќе обезбедат двете најдобри селекции од секоја група.


0 views

Comments


bottom of page