top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Словенија и понатаму е светски првак и во скијачки летови и во скијачки скокови

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КУЛМ

30.01.2024 januari Vtornik

Репрезентацијата на Словенија, во состав Ловро Кос, Петер Превц, Домен Превц и Тими Зајц, ја одбрани светската титула во скијачки летови, откако победи на Светското првенство (СП) во австрискиот Кулм, пред Австрија (Михаел Хејбок, Мануел Фетнер, Јан Херл и Стефан Крафт) и Германија (Пиус Пашке, Карл Гајгер, Стефан Леје и Андреас Велингер). Словенија славеше и на СП 2022 во Викерсунд (Норвешка).Најдобрите осум во екипна конкуренција ги комплетираа Норвешка, Јапонија, Швајцарија, Финска и Полска. Екипни СП се одржуваат од 2004 година, Норвешка има пет титули, Австрија три, а две има Словенија, која е и актуелен светски екипен првак во скијачки скокови, од СП во нордиски дисциплини лани на Планица (Словенија).На годинашниот Мундијал во скијачки летови поединечната титула ја освои Крафт, пред Велингер и Зајц. За Крафт, водечкиот во Светскиот куп сезонава, тоа е прва светска титула во скијачки летови (има и две бронзи, освоени на СП 2016 и на СП 2022), а за Зајц тоа е втор поединечен мундијалски медал, откако освои сребро на Светското првенство во 2022 година.Следното Светско првенство во скијачки летови е предвидено да се одржи во 2026 година, во германски Оберсдорф. Н.М.


3 views

Comments


bottom of page