top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Словенија во најсилен состав на ОИ: Не одиме во Токио само за да учествуваме

Велосипедската репрезентација на Словенија ќе настапи во најсилен состав на Олимписките игри во Токио, објави денеска весникот „Дело“.

Среќен сум што потврдувам дека Примош Роглиќ ќе се натпреварува и во двете трки. Тој не е подготвен во моментов, но ќе стори се што е во негова моќ да биде во најдобра форма во Токио, изјави тренерот Андреј Хауптман.

Роглиќ се повреди на почетокот на Тур де Франс, поради што мораше да се откаже од понатамошното натпреварување. Заедно со Роглиќ, во националниот тим ќе биде и актуелниот шампион Тадеј Погачар, кој убедливо води во генералниот пламсан на Тур де Франс.

Ако ги имаме првиот и вториот велосипедист во светот, не одиме таму само за да учествуваме. Ќе сториме сè за да постигнеме врвен резултат. Но, треба да се има предвид дека се достапни само три медали и има многу кандидати за нив, истакна Хауптман.

Покрај нив, во словенечкиот тим ќе бидат и Јан Поланц и Јан Тратник. Друмската трка на Олимписките игри ќе се одржи на 24 јули, додека хронометарот е закажан четири дена подоцна.


2 views

Comments


bottom of page