Словенечки репрезентативец за неуспехот на ЕП: Бевме како „кокошки без глави“
18.01.2022 Januari Vtornik
Словенија го заврши настапот на Европското првенство со само една победа против нашата репрезентација, ефект кој не беше доволен за пласман во следната фаза.
Избраниците на Љубомир Вранеш целосно потфрлија со своите настапи и неочекувано рано се враќаат дома од Унгарија.
Голманот Урх Кастелиц со неколку реченици се обидел да го објасни неуспехот на Словенија на ова ракометно ЕП.
– Не покажавме срце и тоа е она што пресуди на првенството. Одигравме под секое ниво, кога се игра за репрезентација, треба да се заборави на се, а овде некои играчи размислуваат и за други работи.
– Црногорците покажаа дека може да се игра и со помал фонд играчи, а нам ни треба рестарт. Треба да се постави некој кој ќе им објасни на играчите која е нивната улога, грубо да се изразам, бевме како „кокошки без глави“ на ова првенство, – рекол Кастелиц.
Comments