top of page

Сликата со тажна приказна од Пикасо излегува од сенка: портретот на Дора Мар на продажба

23.09.2025 Septemvri Vtornik

Француската аукциска куќа „Хотел Друо“ ќе ја понуди на продажба сликата „Портрет на жена со цветна шапка“ на Пабло Пикасо, посветена на неговата партнерка Дора Мар и насликана во јули 1943 година. Делото масло на платно со димензии 80 x 60 см, се проценува на речиси осум милиони евра, но се очекува цената да порасне на аукцијата закажана за 24 октомври.Сликата се наоѓала во сопственост на истакнат француски колекционер, дедото на сегашните наследници, и никогаш досега не била јавно изложена. Според експертите, ова е едно од ретките дела, кое претставува клучен момент во уметноста на Пикасо – создадено во време кога тој ја напуштал Дора Мар поради помладата Франсоаз Жило.

Автентичноста на портретот е потврдена, а досега била позната само преку архивски фотографии и каталози.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page