Слика на мексиканската уметница Фрида Кало продадена за 34,9 милиони долари
- Aleksandar Santovski
- Nov 18, 2021
- 1 min read
18.11.2021 Noemvri Cetvrtok
Сликата насловена “Diego y Yo” е продадена за 34,9 милиони долари што е рекордна цена постигната за дело на мексиканската уметница Фрида Кало.
Ова нејзино дело е продадено на аукција на Сотбис во Њујорк, а претходниот рекорд бил за слика во сопственост на Диего Риверо со кој Кало имала врска долга со децении.
Неговата слика во 2018 година била продадена за 9,75 милиони долари.
“Diego y Yo” е еден од последните автопортрети кои ги има насликано Кало, а го отсликува нејзиниот сопруг Риверо насликан над нејзините очи. Станува збор за една од нејзините најважни уметнички дела.
Купувачот е Едуардо Ф. Константини, основач на музејот во Аргентина. Последниот пат сликата е продадена на аукција во 1990 година за 1,4 милион долари.






Comments