Слика на Климт постигна рекордна аукциска сцена во Европа:Продадена е за повеќе од 86 милиони евра
Сликата на славниот австриски сликар Густав Климт „Дама со ладало“, постигна денеска во Лондон рекорд за аукциска продажба во Европа, со цена од 74 милиони фунти, односно повеќе од 86 милиони евра.
Аукциската куќа Сотби која ја организираше продажбата го претстави делото, едно од последните кои ги избработил Климт(1862-1918), не само како ѕвезда на летната сезона на аукции во Лондон туку и како една од најубавите и највредните слики некогаш понудени на продажба во Европа.
Кога ќе се додадат трошоците на продажбата, купувачот, чиј идентитет не е откриен, треба да исплати повеќе од 86 милиони фунти.
Оваа слика така го надмина претходниот рекорд за Европа кој од февруари 2010 година го држеше скулптурата на Алберто Џакомети, „Човекот што оди 1“, која тогаш беше продадена за 65 милиони фунти.
Густав Климт ја насликал продадената слика во 1917 година, една година пред неговата смрта, на 55 години.
Минатата година на аукција на уметничката колекција на коосновачот на Мајкрософт, Пол Ален, во аукциската куќа Кристи во Њујорк, сликата на Климт, „Брезова шума“ беше продадена за 105,5 милиони долари.
Comments