top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Следува интерконтинентална Лига на нациите?

20.12.2021 Dekemvri Ponedelnik

ФУДБАЛ – СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УЕФА И КОНМЕБОЛ

Европската фудбалска унија (УЕФА) е во преговори со Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) за заедничка Лига на нациите во која би можеле да се појават Бразил и Аргентина во проширеното натпреварување, изјавија во петокот за „Ројтерс“ од управното тело на европскиот фудбал. УЕФА и КОНМЕБОЛ, кои се спротивставија на плановите на Светската фудбалска федерација (ФИФА) за одржување светски првенства на две години, во минатата недела потпишаа меморандум за разбирање до јуни 2028 година. Европскиот првак Италија треба да игра со победникот на Копа Америка, Аргентина во таканаречениот меч „финалисима“ (големо финале) на 1 јуни в година во Лондон. В година на програмата е третата сезона на Лигата на нациите, а Македонија ќе се натпреварува во лигата Ц. Во првото издание, Лигата на нациите за четири селекции донесе пласман на Европското првенство (Македонија, Унгарија, Словачка и Шкотска), а во второто на две репрезентации (Австрија и Чешка) им донесе пласман во баражот за настап на Светското првенство в година во Катар. Форматот за квалификациите за Европското првенство во 2024 година во Германија уште не е потврден, вклучувајќи какви било детали за тоа како репрезентациите би можеле да освојат места во плејофот преку Лигата на нациите од сезоната 2022/2023. – УЕФА работи на голем број проекти со КОНМЕБОЛ, вклучувајќи и заедничка Лига на нациите, но ништо не е финализирано и уште не се донесени одлуки – изјави портпаролот за „Ројтерс“. Во интервју за полски медиум во четвртокот, потпретседателот на УЕФА, Збигњев Боњек, рече дека 10-те јужноамерикански репрезентации ќе бидат додадени во натпреварувањето во Лигата на нациите од 2024 година. – Од 2024 година КОНМЕБОЛ ќе се приклучи на Лигата на нации. Уште не знаеме во каква форма…, потпишавме меморандум за соработка помеѓу КОНМЕБОЛ и УЕФА и од 2024 година овие селекции ќе играат во Лигата на нациите – рече тој, пренесува „Ројтерс“. Боњек додаде дека шест репрезентации од КОНМЕБОЛ ќе се приклучат на лигата А на Лигата на нациите, а другите четири ќе се приклучат на лигата Б.


2 views

Comments


bottom of page