top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Следува двојна домашна програма на македонските селекции

Машката и женската сениорска одбојкарската репрезентација на Македонија со порази со по 0-3 ги почнаа настапите на годинашната европска сцена. Одбојкарите загубија од Украина со 0-3 (21-25, 22-25, 11-25) на гостувањето во полскиот град Лоѓ, во рамките на Златната европска лига, каде што и дебитираа. Првите два сета беа речиси рамноправни. Украина, која во последно време е постојан учесник на големите турнири и на европските првенства (ЕП), беше поуспешна од Македонија во финалето на Европската лига во 2017 година, а потоа и во квалификациите за првиот настап на Македонија на ЕП во 2019 година, како и на традиционалниот меѓународен турнир „Чајка“ во август истата година. Најдобри поентери во македонските редови беа капитенот Никола Ѓоргиев и Александар Љафтов, со по 12 поени, Филип Савовски додаде четири, а Филип Маџунков и Владо Милев по три. Кај Украинците доминираше Дмитро Терјоменко со 13 поени, а Олех Плотнитски постигна еден поен помалку. Во вториот натпревар од оваа група Б, Белгија на свој терен во неизвесен меч ја совлада Хрватска со 3-1 (25-17, 25-21, 23-25, 25-23). Следниот противник на македонските одбојкари во Златната европска лига ќе биде Белгија, в среда (20.15 ч.), во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Во вториот дуел од таа група ќе се сретнат Украина и Хрватска. Белгија од 1 јануари годинава е 21. селекција во светот. Досега настапила на девет СП, најдобар пласман ѝ е осмото место во 1970 година, 17 пати играла на ЕП, најголемиот успех е од 2017 година, четврто место. Во Светската лига играла четири пати, најдобриот пласман е од пред шест години, седмо место, а во Европската лига настапила четири пати, а триумфирала во 2013 година. Женската репрезентација на Македонија, која по подолго време повторно е на европската сцена, не успеа да приреди изненадување во воведниот меч на Сребрената европска лига, група А, загубувајќи од Австрија во Скопје, со 0-3 (15-25, 20-25, 15-25). Искуството на Австријките во неколку наврати се покажа како решавачко кога ја создаваа разликата, а во вториот сет Македонија водеше со 10-5, но недоволно за целосен успех. Најдобри во македонските редови беа Надица Антеска со 19 поени, Добрина Хаџи-Тошева со 18, Теа Терзиевска со 17 и Љиља Ковачевиќ со 15 итн. Кај ривалките доминираше Елена Мициќ сo 25 и Лорена Бранхофер со 24 поени. Во вториот меч во групата во која е Македонија, Естонија дома ја совлада Летонија со 3-1 (20-25, 25-21, 25-16, 25-11). Македонките повторно во СЦ „Борис Трајковски“ ќе играат в среда (17.30 ч.), со Естонија, која еднаш настапила на ЕП 2019 (23. место), но ќе игра и на годинашново ЕП, а има и четири настапи во европската лига. Од јануари годинава е рангирана на 48. место во светот. Сите дуели дома, македонските селекции (машка и жешка), ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот за сите натпревари ќе биде бесплатен. Г.И.

Група Б, мажи

Украина – Македонија 3-0 Белгија – Хрватска 3-1 Второ коло, среда: Македонија – Белгија (20.15 ч.), Украина – Хрватска (19 ч.).Група А, жени Македонија – Австрија 0-3 Естонија – Летонија 3-1 Второ коло, среда: Македонија – Естонија (17.30 ч.), Австрија – Летонија (14 ч.).


1 view

Comments


bottom of page