top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Следната година рекордни 24 трки?

ФОРМУЛА 1

Формула 1 (Ф1) привремено го додаде Лас Вегас (САД) во распоредот за 2023 година, со што вкупниот број трки ќе достигне рекордни 24. Сезоната треба да почне во Бахреин, на 5 март, и да заврши во Абу Даби, на 26 ноември. Лас Вегас би требало да биде претпоследна трка, трета во САД, по Мајами и Остин.

Патеката во Лас Вегас е предмет на „хомологација“, односно на официјално одобрување од Светската автомобилска федерација (ФИА). Трката во Кина, која последен пат се возеше во 2019 година, се враќа во 2023-та, како и трката во Катар, која дебитира лани, но годинава не се вози поради Светското првенство во фудбал. Л.Д.


3 views

Comments


bottom of page