top of page

Слаткар откри дека има необјавена песна со Владо Јаневски: „Ќе ја довршам и ќе ја објавам на неговиот роденден“

02.07.026 juli Cetvrtok

Македонскиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткар откри дека со неодамна починатиот поп-пејач Владо Јаневски снимиле песна која никогаш не била објавена.

По погребот на Јаневски, кој се случи вчера, Слаткар на социјалните мрежи сподели дел од песната и објасни зошто со години ја чувал необјавена.„Денес, кога го испративме Владо, сфатив колку работи останале недовршени. Со години чувам една песна што ја снимивме заедно. Не затоа што не верував во неа, туку затоа што секогаш кога работам со некој што неизмерно го ценам, сакам да го дадам својот максимум. Постојано мислев дека може уште подобро и затоа ја одложував, убеден дека ќе имаме време повторно да работиме на неа. За жал, тоа време не дојде. Ова е само мал дел од песната. Ветувам дека ќе ја довршам и ќе ја објавам на неговиот роденден. Фала ти за довербата, Владо.Фала ти за сè што направи за сите нас. Ќе ми недостигаш. На сите ќе ни недостигаш“, напиша Слаткар.

Кога беше објавена веста за смртта на Јаневски, Слаткар се прости од него со кратка и емотивна порака.„Замина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски поети на 21 век.Неговите стихови и песни ќе живеат засекогаш.Вечна му слава“, напиша раперот.

Слаткар најави дека заедничката песна ќе ја доврши и ќе ја објави на роденденот на Владо Јаневски, како почит кон неговото творештво и спомен.


 
 
 

Comments


bottom of page