top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Славните личности испратија порака: Доста е, земјата мора да се промени

Американски актери и музичари го кренаа гласот по трагедијата што се случи во основно училиште во Тексас и повикаа на построга контрола на оружјето во земјата. Добивај вести на вибер Актерката Блејк Лајвли сподели серија твитови со податоци за деца што настрадале од оружје во САД и порача дека е крајно време да се стави крај на насилството предизвикано со оружје. „Доколку чекавте знак за да се вклучите во движењето EndGunViolence, ова е тоa“, твитна Лајвли. Клинт Смит твитна: „Ова беа ученици од основно училиште. Тие се разбудиле ова утро, ги изеле своите омилени житни зрна за појадок, се смееле со своите другари во автобусот, а сега повеќе од 10 се мртви. Ова не е нормално. И не мора да биде вака. И не смее да биде вака“. „Мака ми е. Испраќам љубов и молитви до семејствата погодени од оваа трагедија“, напиша Кендал Џенер. Моделот Криси Тајген исто така повика на посилна контрола на оружјето. Се огласи и Ким Кардашјан. Таа сподели графичка порака дека ништо не се презема систематски за да се спречат вакви настани. Се огласи и актерката Кери Вашингтон. „Како мајка, ова ми е трагично незамисливо. Училиштето треба да биде БЕЗБЕДНО место. Моето срце се кине од болката и страдањето на секој член на семејствата и личностите поврзани со денешните настани во Тексас. Моите молитви се со вас“, напиша таа. „Нешто треба да се промени во оваа земја!“, порачаа членовите на бендот Chainsmoker. „Ние сме единствената земја во која децата одат на училиште и може да завршат застрелани“.


2 views

Comentários


bottom of page