Славните личности вложуваат во електрични пловила
АРЦ е стартап што беше лансиран пред 10 месеци, а нивната мисија е да ги електрифицираат сите пловни објекти со акцент на ограничена серија бродови во вредност од 300.000 долари. Тоа го привлече вниманието на познатите личности – инвеститори, вклучувајќи ги актерот Вил Смит, кошаркарот Кевин Дурант и раперот и продуцент Шон Диди Комбс. „Овие луѓе, покрај тоа што се врвни во она што го работат, имаат и големо искуство со создавање брендови и маркетинг“, рече коосновачот и извршен директор на АРЦ, Мич Ли. Со други зборови, Комбс, Дурант и Смит имаат моќ да влијаат на пазарот што АРЦ се обидува да го зграпчи. Според Ли, луксузниот сегмент, кој вклучува бродови од 300.000 долари, не е крајната цел на компанијата. Електричните чамци се потивки, побрзи, посигурни и поевтини за одржување.
Comments