Славната Кети Пери пејачка добила покана за крунисувањето, ама не и место за да седне! (Видео)
06.05.2023 Maj Sabota
На денешното крунисување на кралот Чарлс и службата во Вестминстерската опатија присуствуваат врвни владини претставници и луѓе од светот на филмот и музиката. Иако голем број изведувачи одбија да настапат на крунисувањето, поради наводни обврски, како што се Адел, Хари Стајлс и легендарната британска група за девојки Спајс грлс, поп-ѕвездата Кети Пери ја прифати поканата.
Поп-ѕвездата Кети Пери беше снимена на крунисувањето како талка меѓу редови обидувајќи се да го најде своето место. Збунетата пејачка се прошета и на крајот ги праша луѓето што седеа во редот – дали има слободно место. Кога и рекле дека се е зафатено, таа продолжила да бара место за седнување.
На самиот влез во опатија камерите го фотографираа и пејачот Лајонел Ричи кој утре ќе настапи на големиот концерт по повод крунисувањето на кралот Чарлс. Освен Лајонел, ќе настапи и поп-ѕвездата Кети Пери, која се уште бара место во опатијата.
Comments