top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Славење на промените: Зошто вреди да се гледа новата сезона на „Сексот и градот“

Со Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон во главните улоги, „И едноставно така…“ е несомнено една од сериите за која најмногу се зборува од премиерата во декември 2021 година. На крајот на краиштата, ова е многу очекуваното рестартирање на култната серија „Сексот и градот“, особено ако се земе предвид дека последен пат ги видовме ликовите во филмот „Сексот и градот 2“ во 2010 година. Поминаа 11 години, така што можеме да очекуваме многу промени да се случат во новата сезона. За почеток, Ким Катрал, која ја играше Саманта Џонс, одлучи да не се приклучи на остатокот од актерската екипа во новото поглавје. Но, тоа не значи дека работите се подосадни од порано, бидејќи оттогаш нови ликови се приклучија на актерскиот тим. Медиумите наведуваат неколку причини зошто And Just Like That… („И едноставно така…“) треба да биде во листата серии што мора да се гледаат оваа година. Има многу промени – и големи и мали. Една од неизоставните промените во врска со новото поглавје – главните ликови сега се во своите 50-ти. Додека корисниците на социјалните мрежи се шегуваа за тоа колку актерките остареле и како ги потсетуваат на Златните девојки, некои медиуми сметаат дека силна екипа жени од 50 години како главни протагонистки во толку голема продукција е голема и охрабрувачка. И секако е добро да се види како повеќе жени од различни возрасти се претставуваат и се слават на екранот. Серијата ни покажа како нејзините ликови го прифаќаат стареењето со тоа што се чувствуваат удобно со сопствениот избор. Миранда, на пример, не се двоуми за нејзините побелени корени дури и откако Шарлот ја посоветува да оди на бојадисување на косата. Серијата го слави семејството и пријателствата. Фановите на „Сексот и градот“ ќе знаат дека серијата не е само за мода. „И едноставно така“ продолжува да ги загрева срцата со својата приказна која ја нагласува важноста на семејството и пријателите. Серијата сега има поголем диверзитет. Една од главните критики што произлегуваа од „Сексот и градот“ е недостатокот на застапеност. Како прво, тоа беше серија која во голема мера се вртеше околу животите на четири прилично добро ситуирани бели жени кои живеат во Америка. „И едноставно така…“, сепак, има поразновидна актерска екипа во која настапуваат Сара Рамирез (Че Дијаз), Сарита Чадхари (Сема Пател), Карен Питман (доктор Ниа Валас) меѓу другите.




3 views

Comments


bottom of page