top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Скулптурите на Никола Смилков во Стариот град во Будва

Изложба на македонскиот академски вајар Никола Смилков, е отворена во Стариот град во Будва, Црна Гора. До 15 јули ќе бидат изложени 18 скулптури изработени во бронза, дел од циклусот на тема „Емоции“. Кустос на изложбата е Тања Јоветиќ, а изложбата ја отвори директорката на ЈУ „Музеј галерија Будва”, м-р Луција Џурашковиќ, која е и автор на ликовната критика во каталогот.

Покана да ја реализира изложбата Смилков ја добил минатата година, кога ја освои гран-при наградата за скулптура на Меѓународното биенале на акт, „Марко Крстов-Грегориќ“. Следната изложба на македонскиот скулптор е на 25 јуни во Тамјаница, Општина Ниш, Србија.

Смилков посочува дека оваа изложба ќе биде поставена во поле од лаванда. Летово ќе има уште две претставувања на неговите дела во Корчула и Сплит Хрватска. Неговата скулптурата „Копнеж“ учествуваше и на Интернационалното уметничко биенале, кое беше дел од културните активности на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг, НР Кина.


4 views

Comments


bottom of page