Скулптури против загадувањето на морињата и океаните
Updated: Jul 19, 2021
16.07.2021 Juli Petok
Германската уметница Тина Краус со своите скулптури на морски суштества направени од креп-хартија и отпад, со кој сме опкружени, сака да го сврти вниманието на сите сериозни проблеми што не се надвор од нашите можности. Нашите океани и нашиот морски свет зависат од тоа колку често ја употребуваме пластиката во секојдневниот живот, како и што правиме со неа откако ќе ја искористиме.
Морињата и океаните се дом за огромен број растителни и животински видови. Научниците веруваат дека има над 10 милиони, а ние луѓето за сите нив сме сериозна закана, но и надеж. Се смета дека голем број видови сѐ уште се неистражени и доколку продолжиме во оваа насока во врска со загадувањето, никогаш нема да имаме можност да ги запознаеме. За жал, некои веќе се засекогаш загубени.
Исто така освен пластиката, океаните и морињата ги загадуваат и блиските фабрики, кои испуштаат штетни материи во водата, а голема штета има и од прекумерното ловење на одредни риби, заради профит. На изглед обемните екосистеми, всушност се многу кревки и нивната иднина е во наши раце. Потребно е да сфатиме дека со своето (не)дејствување можеме да доживееме две сценарија, она во кое флората и фауната живеат во прекрасна врска со човечкиот вид и она во кое сме сами и блиску до пропаст.
Kommentare