Search
Скорсезе позира покрај портрет „Злобни улици“, подарок од ќерката Франческа
Updated: Jul 21, 2021
20.07.2021 Juli Vtornik
Тој е еден од најценетите филмски режисери во светот. А во понеделникот Мартин Скорсезе (78) со гордост покажа оригинално уметничко дело што ја слави неговата истакната кариера. Режисерот позира за фотографија покрај делото со наслов Mean Streets („Злобни улици“). Фотографијата ја сподели на „Инстаграм“ и напиша: „Ѝ благодарам на мојата ќерка Франческа Скорсезе за овој прекрасен подарок! Оригинална слика од Aaron Gigi“. Франческа е неговата 21-годишна ќерка со петтата сопруга Хелен Морис, со која се ожени во 1999 година. Делото претставува портрет на Скорсезе заедно со фотографии и наслови од некои од неговите најкултни филмови, вклучувајќи ги „Добри момци“,„Таксист“ и „Волкот од Волстрит“.
Comments