top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Скорсезе објасни зошто често соработува со Ди Каприо

Славниот режисер Мартин Скорсезе во неодамнешно интервју за „Дедлајн“ откри зошто го ангажира Леонардо ди Каприо за главните улоги во речиси сите свои понови филмови. Ди Каприо и Скорсезе досега имаат работено на шест филма: „Бандите на Њујорк“ (2002), „Авијатичарот“ (2004), „Заминати“ (2006), „Островот Шатер“ (2010), „Волкот од Волстрит“ (2013), „Аудиција“ (2015) и најновиот – „Убијците на цветната месечина“ (2022). „Она што е фантастично за Лео и зошто толку често соработуваме е фактот дека тој знае да залута во оние тешки замрсени места, кои се речиси нејасни за други актери, и на крајот кај него сето тоа испаѓа кристално јасно. Обично тоа се гледа во неговиот израз, во неговото лице, очите… Тоа секогаш му го кажувам“, изјави Скорсезе. „Ди Каприо е природен на сцената. Би можел да го снимам одблиску во крупен план, може да не размислува за ништо, јас ќе уфрлам што било во таа сцена, а луѓето ќе речат дека бил одличен. Тоа е нешто како Кулешов ефект“. „Можете да го направите тоа со Ди Каприо. Има нешто во неговото лице кога камерата ќе застане на него. Во неговите очи. Дури и да се помрдне за милиметар, ние го гледаме тоа. Тоа што се случува со него на сцената е многу интересно“, заклучи режисерот. Скорсезе се осврна и на својата соработка со Роберт де Ниро со кого исто така сними доста филмови и откри дека токму Де Ниро му го посочил Ди Каприо. „Де Ниро ми рече: Сега работам со ова младо момче, треба да соработуваш со него понекогаш. Ова дете е навистина добро. Тоа беше првпат Де Ниро да ми препорача некого“, изјави режисерот.




1 view

Comments


bottom of page