Search
Скопје домаќин на претквалификациите за СП 2023
- Aleksandar Santovski
- Jun 9, 2021
- 1 min read
09.06.2021 Juni Sreda
КОШАРКА
Македонската кошаркарска репрезентација ќе има можност на домашен терен да се избори за пласман во главниот дел од квалификациите за Светското првенство (СП) во 2023 година. Имено, бордот на ФИБА Европа, донесе одлука Скопје да биде домаќин на еден од турнирите, како дел од претквалификациите за пласман на СП во 2023 година. Во „балонот“ во Скопје, во групата Ф, македонската репрезентација ќе игра со Швајцарија (12 август) и со Словачка (14 август), а на 16 и 18 август треба да одигра уште по еден меч со овие две селекции. Првопласираните две репрезентации обезбедуваат место во квалификациите за СП. Преостанатите три претквалификациски турнири ќе се играат во Португалија, Летонија и во Црна Гора.

Comments