top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Скопје добива први легални ѕидови за улична уметност

22.07.2021 Juli Cetvrtok

Македонската метропола конечно ги добива првите легални ѕидови “Legal Wall”, на кои уличните уметници ќе можат да ја претстават својата креативност без притоа да бидат санкционирани од властите со оглед дека пишувањето/цртањето графити во поголем дел од светот, вклучувајќи и кај нас, е нелегално. Назначувањето на двете површини кои ќе служат за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично се случува во рамки на на кандидатурата на Скопје за Европска престолнина на културата за 2028 година.

“Се работи за потпорниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов (Адолф Циборовски) по Реплек, и ѕидовите од двете страни на булевар Гоце Делчев под поранешна Стоковна куќа МОСТ, денес Универзитет на Југоисточна Европа. Легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници. Тие ќе бидат слободни за користење на 26 јули 2021 година, на денот на Солидарноста, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје. По тој повод во соработка со Младинскиот културен центар ќе биде организирана и акција на цртање на графити на легалниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов на тема „Солидарност” на која ќе учествуваат седум домашни улични уметници: Ертунч Сали, Давор Кешќец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски – Драж, Дејан Давчевски, Блаже Атанасков и Ермал Криезиу. Акцијата на цртање графити ќе се реализира викендот на 24 и 25 јули“, велат од тимот на СКОПЈЕ 2028 кој е и иницијатор на именување на првиот „Легален ѕид – Legal Wall” во Скопје.

Самата иницијатива е покрената на почетокот на 2021 година на предлог на улични уметници од градот. Со тоа градот во рамки на кандидатурата за Европска престолнина на културата покажува дека ја подржува урбаната култура и уличната уметност и овозможува разновиден културен израз на различни локации во градот.

“Со дефинирање на слободен ѕиден простор од поголем размер на одредена локација, одобрен од страна на сопственикот или локална власт/јавната институција за уметничка креација се овозможува на секој заинтересиран уличен уметник да создава уметност без временско одредено или законско ограничување. Ова е особено важно за младите улични уметници кои ќе имаат простор да ја развиваат својата креативност и способности за цртање“, додаваат од Тимот Скопје 2028. (Д.Т.)


2 views

Comments


bottom of page