Search
Скопско лето: „Само глас“ – современата музичка драма во МНТ
- Aleksandar Santovski
- Jul 7, 2021
- 1 min read
Во Македонскиот народен театар, на 7 јули, со почеток во 20 часот ќе биде одржана комуникациска современа музичка драма „Само глас“ во режија на Марјан Неќак.
Автор на текстот е Нина Плавањац, а во претставата играат Звездана Ангелова како ТАА, додека Никола Ристановски во улога на ТОЈ учествува со снимен глас, како и Мирослав Митрашиновиќ како балетан.
„Само глас“ е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка.

Comments