top of page

Скопско лето: „Портрети на уметници“ – изложба на Алушевски

19.07.2021 Juli Ponedelnik

Во рамки на 42. издание на фестивалот „Скопско лето“, во Културно информативниот центар во Скопје, на 20 јули, со почеток од 20 часот, ќе се отвори изложбата на фотографии „Портрети од уметници“.

Авторот е фотографот Сашо Алушевски.

Преку портретите се претставени македонски уметници од различни сфери и возрасти како Миро Масин, Бранислав Николов, Игор и Ана Дурловски, Тамара Котевска и други. Портретите се направени преку мокар колодиумски процес – фотографска техника од средината на 19 век.

Изложбата ќе се одржи согласно протоколите за спречување на ширење на ковид-19.


 
 
 

Yorumlar


bottom of page