top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Скопско лето“: Концерт на „Киц поп хор“ од Црна Гора во Сули ан

Во Сули ан во Старата скопска чаршија, утревечер (13 јули) со почеток во 20:30 часот, ќе биде одржан концертот на „Киц поп хор“ од Црна Гора. Настанот се реализира во рамките на „Скопско лето“, а по повод Денот на државноста на Црна Гора.

„Киц поп хор“ од Подгорица е првиот црногорски поп-хор, кој годинава го прослави својот трети роденден со концертот „Ајде да пееме и да бидеме подобри луѓе“. Хорот успешно е воден од менаџерскиот тим Снежана Бурзан-Вуксановиќ – Сања Радусиновиќ, под покровителство на НВУ „Кутак“, со логистичка поддршка на ЈУ КИЦ „Будо Томовиќ“. Досега има одржано речиси 60 концерти низ Црна Гора и во регионот, а со одличните настапи збогати многу престижни настани.

– Нивните спектакуларни концерти сè уште се паметат: во преполниот КИЦ во Подгорица, Плоштадот на независноста во Подгорица, Дворски трг во Цетиње, платото пред Собранието на Црна Гора, салата „Комбанк“ во Белград итн.

Денес, хорот брои околу 60 членови, од различни генерации (од студенти до пензионери), интереси и занимања, обединети во љубовта кон музиката, настапите и дружењето.

Горди се, како што велат, што и покрај короната, успеале да останат заедно, со поддршка, меѓу другото, и од диригентката Зоја Ѓуровиќ.


0 views

Comments


bottom of page