top of page

Скопскиот тим не се предава: ТФТ со пресврт и победа за „мајсторка“ против Златибор

24.03.2026 Mart Vtornik

Екипата на ТФТ обезбеди победа над Златибор со 87:79 во вториот натпревар од плејофот во АБА2 лигата.

Македонскиот прволигаш се мачеше во првиот дел и на пауза замина со негатива од 49:33, меѓутоа одморот дефинитивно добро им дојде на избраниците на Боро Смилковски кои во преостанатиот дел комплетно го надиграат противникот.

ТФТ беше подобар со 27:18 во третиот период, додека пак во завршниот со 27:12 што беше повеќе од доволно да се избори за мајсторка која ќе се игра на 31 март во Србија.

Дејвис ја предводеше листата на стрелци со 24 поени, кај поразените Хантер-Витфилд имаше 18 кошеви.


 
 
 

Comments


bottom of page