top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Скопски маратон ги додели наградите за тим билдинг трката и за штафетниот маратон

Наградите за тим билдинг трката и за штафетниот маратон – ЕУ за спорт кои се одржаа во рамки на овогодинешниот Виз Ер Скопски маратон, беа доделени синоќа во „Брик бар“. На доделувањето беше присутен и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, кој лично ги додели наградите на најдобрите од штафетниот маратон – ЕУ за спорт.

Штафетниот маратон – ЕУ за спорт, беше поделен во три категории, односно во женска категорија, машка категорија и во мешани тимови. Наградите за женската категорија беа доделени на денот на маратонот, додека пак наградите за другите две категории беа доделени вчеравечер во „Брик бар“.

Во машка категорија, најдобар беше тимот ЗАПС ЕДИНАК АК 7МИ НОЕМВРИ, кој го освои првото место со време од 2:38,5 часа, до второто место стигна тимот АК БЕЛАСИЦА кој ја истрчаа трката за време од 2:53,14 часа, а на третото место заврши ААК СКОБУЛ со резултат од 2:54,42 часа.

Од мешаните тимови, првото место го освои TRIOLOGY ACTIVE TEAM, со време од 3:12,28 часа, пред IPA SKOPJE кој истрча за 3:21,42 часа, додека пак, на третото место заврши FIT HUB BLUE, чии членови ја истрчаа трката за 3:28,22 часа.

Во тим билдинг натпреварувањето во трката на пет километри, во машка и женска конкуренција, првото место му припадна на тимот ДЕЛТА, на втората позиција се најде тимот NRC – NIKE + RUN CLUB, а третото место го освои тимот на Пивара Скопје.

Наградите на тим билдинг натпреварувањето ги додели Даниел Димевски, претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Евроамбасадорот Гир изрази големо задоволство за можноста и оваа година да бидат дел од Виз Ер Скопскиот маратон и дададат свој допринос за организирањето и реализаијата, исто така упати и честитки до организаторите за успешно завршен маратон.

Директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, изрази огромна благодарност до сите учесници, кои и оваа година направија Скопскиот маратон да помине во одлична атмосфера. Синадиноски кажа дека орагнизаторите продолуваат со иста енергија и ентузијазам да работат на стратегијата за наредната година, со што Виз Ер Скопски маратон ќе продолжи да биде најмасовен спортски настан на годината во нашата држава. Дополнително, тој додаде дека маратонот следната година ќе се одржи на 2 октомври.




2 views

Comments


bottom of page