top of page

Сколс призна дека погрешил за Касемиро: Изненаден сум од него


Касемиро пристигна како голема ѕвезда во Манчестер Јунајтед, но засега се уште е во период на адаптација во новата средина и добива шанси како резерва во тимот на Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот најави дека ќе биде претпазлив со Бразилецот и дека ќе одат чекор по чекор пред да стане редовен во стартната постава, а вчера одигра 45 минути на гостувањето во Молдавија во Лигата на Европа.

Петкратниот освојувач на Лигата на шампионите дојде како големо засилување за Јунајтед, но не беше одобрен од дел од легендите поради неговиот дефанзивен пристап на игра, но Пол Сколс сега признава дека останал изненаден од искусниот Бразилец, особено од неговите додавања во офанзивен план.

– Да бидам, искрен, останав изненаден од неговите офанзивни додавања, неговиот квалитет на пасовите кои одеа напред.

– Гледав на него како борец, победник во дуелите, да ја врати топката во посед на тимот. Мислев дека само краде и додава за Модриќ и Крос, но сега ми покажа дека неговата игра содржи многу поголем опсег, – вели легендарниот Пол Сколс за Бразилецот.


 
 
 

Comments


bottom of page