top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сколс го заборави Мегваер и уништи две други ѕвезди на Јунајтед: Едниот нема срце за да игра за овој

Сколс го заборави Мегваер и уништи две други ѕвезди на Јунајтед: Едниот нема срце за да игра за овој клуб!Пол Сколс прогнозираше дека Манчестер Јунајтед ќе победи 3:1 во Севилја и дека ќе се пласира во полуфиналето во Лигата на Европа, но откако самиот гледаше како овој тип оди во пропаст, не штедеше критики кон неколку фудбалери.

Сколс немаше добро мислење за игрите кои ги прикажаа Хари Мегваер и Џејдон Санчо, но посебно критички настроен беше кон Давид Де Хеа и Антони Марсијал, а за овој последниот порача дека нема срце да го носи црвениот дрес на „ѓаволите“.

– Јунајтед одигра срамен натпревар во секој поглед. Не успеаја да одговорат на агресијата на Севилја, а кога доаѓаш на вакви места, знаете што ве чека. Од првата минута почнаа грешките, Де Хеа почна да ја рога топката и од тука започна се. Тој беше виновен за сите три гола. Првиот пас до Мегваер за првиот гол беше многу лош, го стави стоперот во лоша ситуација. Знам дека Хари ја бараше топката, но Де Хеа има иста вина за голот. За вториот гол беше лошо поставен при еден мек удар со глава, а третиот гол го подари со уште еден лош потег.

– Мора да се доведе во прашање и голманот после вакво издание, но и напаѓачот кој беше стартер. Антони Марсијал е талентирано момче и тоа се е во ред, но кога и да очекувате нешто од него, покажува дека нема срце.

– Тој нема срце за да биде лидер на тимот, тоа го покажа и против Севилја. Не знам колку е лоша неговата повреда, но не е ни толку важно. Можеби ќе тренира за неколку дена, а може за шест месеци, – изјави Сколс.



0 views

Comentarios


bottom of page