top of page

Скелет на најстариот африкански диносаурус пронајден во Зимбабве

Sep 6, 2022
1 min read

Научниците пронајдоа фосилни остатоци од најстариот африкански диносаурус во Зимбабве, кој живеел пред 230 милиони години.

Мбиресаурус рати (Mbiresaurus raathi) бил висок метар, трчал на две нозе и имал долг врат и назабени рабови на забите. Научниците рекоа дека станува збор за вид на сауроподоморф, роднина на сауроподите што одат на четири нозе. Скелетот е откриен за време на две експедиции во долината Замбези.

Откритието треба да понуди поголем увид во еволуцијата и миграцијата на раните диносауруси, кога светот бил еден огромен континент.

Фосили биле пронајдени во Зимбабве и претходно, а научниците тврдат дека има повеќе локации за истражување. Речиси целосен скелет се чува во просторија во градот Булавајо, Зимбабве.


 
 
 

Comments


bottom of page