top of page

фото и видео Сиљановска Давкова ќе присуствува на погребот на папата Францискo

24.04.2025 April Cetvrtok

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребот на папата Францискo кој ќе се одржи во сабота на 26 април во Рим. Ова го соопштија од Кабинетот на шефицата на државата.

135 кардинали од сите континенти се поканети во Светата Столица да присуствуваат на погребот и на општите конгрегации, пред конклавата на која ќе биде избран новиот поглавар. Последна желба на папата е да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во центарот на Рим, наместо во базиликата „Свети Петар“.

Од останатите светски лидери, претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе присуствуваат на погребот. И претседателот на Франција, Емануел Макрон, потврди дека ќе присуствува. Се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски да се појави во Рим.

Претседателката Сиљановска-Давкова вчера се огласи по смртта на папата.

„Како народен папа, му го честиташе Христовото воскресение на христијанското семејство и утринава мирно си замина во вечноста. Јас, пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност“, напиша Сиљановска Давкова, споделувајќи фотографија од нејзината средба со Францискo.

Еве видео постата која ке биде во историјата запишана дека последна која го виде е сегашната претседателка Гордана Солјановска од Македонија која пред 10 месеци беше во Рим кај папата Франциск ,ова е историоско за Претседателката Гордана по доагањето на власт на ВМРО, по смената на СДСМ каде 2019 година кога беа на власт со Зоран заев и усте несменетиот тогашен претседател Георге Иванов дојде папата Франциск и ја посети Македонија,а пак по смената на СДСМ и доаѓањето на власт на ВМРО претседателката Гордана Силјановска 2024 се сретна со папата во Рим


23.04.2025 Април Среда


 
 
 

Comments


bottom of page