top of page

Сити и Јунајтед се избегнаа во осминафиналето на ФА Купот (ФОТО)

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се се избегнаа во осминафиналето на ФА Купот, односно петтата рунда на ова еминетно клупско натпреварување.

„Граѓаните“ во претходната рунда мораа да се соочат со Арсенал (1-0), но сега ќе имаат полесна задача, предвизвик со тоа што истиот ќе треба да го одработат на теренот на противникот или во случајов тоа е Бристол Сити. Јунајтед пак одново ќе игра на „Олд Трафорд“ и ќе го има статусот на фаворит без разлика тоа дали ќе биде Дерби Каунти или Вест Хем.

Брајтон ќе игра со Стоук, а во ова коло може да имаме и уште една премиерлигашка битка по услов Фулам да го добие реваншот со Сандерленд, па потоа да игра со Лидс.

Средбите ќе се играат од 27 февруари.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page