top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сити и Гвардиола го премислуваат Крос со понуда „која не се одбива“

Тони Крос ја одработува последната сезона од договорот со Реал Мадрид, а засега останува мистериозен по прашањето за својата иднина. Јасно е дека Германецот неколку пати истакна дека не сака да настапува во друг клуб и прашање е само до кога ќе игра, но понудата од Манчестер Сити може да го натера и да го промени мислењето. „Дејли Мејл“ тврди дека Крос добил понуда од сити вредна 230.000 фунти неделно, а целта е да се пресели на „Итихад“ како слободен агент без отштета и потоа да помине одлично на финансиски план во редовите на премиерлигашот. Грубо претставено, Крос би заработил околу 14 милиони евра по сезона, што е сериозно зголемување на платата во однос на 9 милиони кои ги добива од Реал. Германецот веќе не настапува за својата репрезентација, па можеби мундијалскиот одмор ќе биде и периодот во кој ќе пресече и ќе ја донесе конечната одлука, имајќи ја предвид и понудата за продолжување на договорот од актуелниот клуб Реал Мадрид.


2 views

留言


bottom of page