top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Сите ѕвезди“ на терен на 3 јануари во СЦ „Борис Трајковски“

Ракометната Федерација на Македонија денеска го најави големиот ракометен спектакл кој ќе се одржи на почетокот на 2023-та година.

Големите ракометни ѕвезди кои одбележаа една ера во македонската репрезентација на 3 јануари 2023 година (19 часот) во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе ги одмерат силите против актуелните репрезентативци на настанот насловен „Сите ѕвезди“.

Околу 20 македонски пензионирани играчи ќе бидат дел од настанот со ракометно-музички карактер, на кој покрај големите ракометни имиња, ќе бидат дел и Сашко Коцев, Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.

Ракометната забава ќе има и хуманитарен карактер, со тоа што дел од парите од влезниците ќе бидат наменети за помош на децата од СОС Детското село


0 views

Comments


bottom of page