top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сите чекаат Дарија да скокне

Руската атлетичарка Дарија Клишина е една од најубавите спортистки во светот, а таа „титула“ ја има освоено неколку пати.

Иако има врвни резултати, за нејзиниот физички изглед честопати се зборува повеќе отколку за нејзините успеси, па се поставува прашањето дали ќе беше на ова место, ако своевремено не го променеше спортот.

Имено, Дарија е родена на 15 јануари 1991 година и тренирала одбојка како дете, но нејзиниот татко одлучил да ја запише во некој индивидуален спорт. На 13 години одговорила на поканата на школата за олимписки резерви во Москва, а потоа постави и јуниорски државен рекорд со скок од 7.05 метри.

Подоцна, таа беше двократен европски шампион во сала, во 2011 и 2013 година, како и светски шампион до 17 години (2007), јуниорски шампион на Европа (2009) и победник на Европско првенство за млади (2011).



1 view

コメント

コメントが読み込まれませんでした。
技術的な問題があったようです。お手数ですが、再度接続するか、ページを再読み込みしてださい。
bottom of page