Сите се Италијанци: Буфон издвои шест највешти играчи со кои играл во кариерата
Џанлуџи Буфон имаше извонредна кариера, кариера која не е завршена со оглед на тоа што се уште е активен во второлигашот Парма иако веќе има 45 години.
Популарниот Џиџи има многу поминато низ фудбалското патување како на клупско така и на репрезентативно ниво, па дефинитивно има што да сподели со јавноста, да одговори на интересни теми, прашања како што беше во разговорот за „Бобо ТВ“.
Буфон откри дека напуштањето на ПСЖ била негова најголема грешка во кариерата, но воедно обеделони, издвои шест највешти, најдобри технички играчи со кои соработувал во кариерата.
Славниот ас го издвои Антонио Касано кој е дел од „Бобо ТВ“, но и Андреа Пирло, Франческо Тоти, Алесандро Дел Пјеро, Роберто Баџо и Антонио Ди Натале.
-Се обидовме да го донесеме Касано во Јувентус, добро го познавав и го сакав. Тој беше толку брилијантен талент што заслужи да игра за Јувентус и ќе беше добро за него. Ќе напредуваше и ќе имаше подобра кариера, -истакна Џиџи.
コメント