Сисе за бавниот старт на Меси во ПСЖ: Не се работи за фудбалски проблем
Updated: Nov 2, 2021
29.10.2021 Oktomvri Petok
Лионел Меси од оваа сезона го носи дресот на Пари Сен Жермен и барем засега не успеавме да го видиме во најдобро светло во новата средина. Аргентинецот не ги одработи летните подготовки и доцна пристигна во клубот и засега има проблеми да го даде она што знае и умее, а најдобар доказ за тоа е што на четири средби во Лига 1 нема дадено ниту еден гол, додека пак ситуацијата е подобра во ЛШ каде двапати се запиша во листата на стрелци. Ваквите изданија донесоа критики на адреса на напаѓачот, но според Џибрил Сисе новата ѕвезда на „светците“ нема фудбалски проблем туку едноставно треба да се приспособи на новиот живот како за него така и за семејството со оглед на тоа што долго време беше во Барселона. -Проблемот на Меси, ако можеме да зборуваме за проблем, е тоа што тој е човек. Тој има емоции. Тој има животни навики. Повеќе од дваесет години беше во свој елемент во Барселона. И од таму го земаме, го ставаме во друга средина и му велиме: „Ајде, настапувај“. Ама тој го промени својот живот. Неговото семејство го смени животот. Мора да му дадеме време да се прилагоди, дури и ако се вика Меси. Животот на еден фудбалер е под влијание на неговиот приватен живот. За мене тоа не е фудбалски проблем, -вели Сисе и додава: -Точно е дека мора да се прилагоди на лигата. Тоа е физичко првенство, со млади дефанзивци кои вложуваат многу посветеност во дуелите и сакаат да се натпреваруваат против Меси. Се сеќавам дека гледав натпревари во Ла Лига каде дефанзивците без со должна почит не поставуваа нога на него како на останатите, -заврши некогашниот француски репрезентативец.
Comments