top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Синтезис“ и Влатко Стефановски со концерти за 30 години независност

03.09.2021 Septemvri Petok

На археолошкиот локалитет Стоби, вечерва (20 часот), ќе настапи познатата македонска етно група “Синтезис“ изведувајќи дела од својот богат музички опус.

В понеделник пак, 6 септември, во Филхармонијата на РСМ ќе се одржи ексклузивен концерт на нашиот светски познат гитарист Влатко Стефановски со симфониски оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин.

Добро познатите композиции на Стефановски, во аранжмани на Емин се гаранција за неповторливо и уникатно искуство.

Во рамките на прославата на 30 годишнината од македонската независност, Баги Комуникации веќе реализираше два концерти на оперската дива Весна Гиновска Илкова заедно со Кристина Светиева, Бобан Мирковски и Ерхан Шукри Квартет, во Света Софија во Охрид, како и концертот на Тони Китановски во Куршумли Ан.

Концертите се во рамки на проектот „МУЗИКАТА ЗБОРУВА НА СИТЕ ЈАЗИЦИ„ – 30 ГОДИНИ МУЛТИ КУЛТУРА„ поддржани од Владата на РСМ.

Сите одржани концерти ќе бидат емитувани на програмата на Македонската Телевизија, а ќе бидат пренесувани и на интернет.


1 view

Comments


bottom of page