Search
Синот на Шварценегер снима филм на Хаваи
26.11.2021 Noemvri Petok
Џозеф Баена, син на холивудскиот ветеран Арнолд Шварценегер, сподели фотографија направена зад сцената на филмот „Лава“, кој моментно се снима во Хонолулу, Хаваи. Баена најави дека ќе се појави во претстојниот филм со објава на својот инстаграм-профил претходно оваа недела. А сега 24-годишникот ја покажа својата импресивна фигура на тропската локација. Џозеф исто така напиша кратка порака во која истакна: „Со нетрпение чекам да почне снимањето на Lava со тимот на @bitflixnfts!“ Многу од следачите на социјалните мрежи во делот за коментари фигурата на Баена ја споредија со онаа на татко му. Lava, кој се снима на Хаваи, се смета за прв филм целосно финансиран од криптовалути.
Comments