Синот на Салихамиџиќ го „поздрави“ Левандовски (Фото)
Роберт Левандовски не успеа да постигне гол на двете пресметки против својот поранешен тим, но сега мора да го трпи и сеирот од наследникот на Хасан Салихамиџиќ.
Директорот на Баерн вчеравечер откри дека кратко го видел Полјакот и дека немале многу простор за разговор по непријатната ноќ на Барселона во Лигата на шампионите, но додека Хасан беше џентлменски настроен, неговиот син стана вирален на социјалните мрежи.
Ник Салихамиџиќ игра во МЛС лигата како дел од тимот на Ванкувер, но очигледно е дека се слади на катастрофалната етапа која ја има Левандовски со Барса во Лигата на шампионите.
Барса втора година по ред испаѓа во групната фаза, а Ник им постави интересно прашање на своите Твитер следбеници:
– Од кој момент ќе почнете да мислите дека Левандовски ќе се покае за тоа што си замина?, – гласи објавата која стана вирална.
Comments