top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Синот на Марадона: Меси ќе се врати во Барселона

Синот на славниот Диего Армано Марадона, Диего Синагра верува дека Лионел Меси за брзо време ќе се врати во Барселона.

Меси минатото лето во последен момент мораше да замине од Барселона и тоа во моментите кога се беше подготвено да потпише нов договор, но наместо до продолжување на соработката поради финански причини беше принуден да побара нова средина и заврши во Пари Сен Жермен.

Меѓутоа има доста критики за неговите изданија во таборот на „светците“, јавноста, дел од навивачите не се задоволни од неговите изданија и се создава дополнителен притисок кој може да кулминира ако клубот не успее да ја освои ЛШ во оваа сезона.

-На кој клуб не би му недостасувал? За мене Барса добро се справува. Ама убеден сум дека Меси ќе се врати во Барселона.Тој не изгледа среќен во ПСЖ. Се работи за голем играч и ас како него може секаде да игра. Ама без никаков сомнеж тој би требало да биде во Барселона, -порачач Диего Синагра за „Спорт“.


1 view

Comments


bottom of page