top of page
Search

Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит хоспитализиран по сообраќајна несреќа

30.07.2024 juli Vtornik

Синот на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, Пакс Џоли-Пит (20), е хоспитализиран кога бил повреден во сообраќајна несреќа.

Пакс го возел својот електричен велосипед во Лос Анџелес кога удрил во задниот дел на автомобилот што застанал на црвено светло, пишува „Дејли мејл“.

Тој итно бил пренесен во болница откога се пожалил на главоболка, а во моментот на несреќата не носел кацига.

Медиумите јавуваат дека Пакс е во стабилна состојба, иако не се знае степенот на неговите повреди.

Во последните месеци Пакс е виден како вози велосипед во Лос Анџелес, кој чини околу 3.000 долари, пишува „Дејли мејл“, пренесува „Танјуг“.


0 views

Commentaires


bottom of page