top of page

Синиша Михајловиќ и Златан Ибрахимовиќ во дует на „Санремо“

05.03.2021 mart petok

Првата ѕвезда на италијанскиот фудбалски клуб Милан, Златан Ибрахимовиќ, деновиве е зафатен со обврски што немаат баш голема врска со фудбалот. Имено, тој е специјален гостин на познатиот музички фестивал во Санремо, кој е во тек, а завршува утревечер. Во една точка ќе има засилување, бидејќи на сцената ќе му се придружи неговиот голем пријател, фудбалскиот тренер Синиша Михајловиќ.

Заедно ќе ја испеат познатата песна „Vagabondo“ (Скитник), која во далечната 1972 година ја испеала италијанската група „Номади“, на задоволство на обожавателите на музиката, а уште повеќе на фудбалот.


 
 
 

Comments


bottom of page