top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Синер според планот, Рубљов е првиот голем фаворит кој доживеа рана елиминација на Индијан Велс

11.03.2024 Mart Ponedelnik

Јаник Синер без проблеми ја мина втората пречка на Индијан Велс и без загубен сет се пласираше во осминафиналето, но за разлика од него, петтиот носител на турнирот доживеа голем шок.

Андреј Рубљов беше надигран од талентираниот Јири Лехечка и мораше да му подаде рака по само два сета игра, кои целосно му припаднаа на Чехот со резултат 6:4 и 6:4.

Елиминацијата на Рубљов е првиот голем шок на првиот голем Мастерс турнир оваа година, но сепак не е и сензација ако се знае дека Лехечка бележи голем напредок на АТП листата.

22-годишниот Чех ќе има уште еден голем предизвик во осминафиналната фаза на Индијан Велс, односно го чека дуел со Стефанос Циципас кој беше подобар од Френсис Тиафо.

Што се однесува до Синер, тој имаше лесна задача против Јан Ленард Штруф и славеше со 6:3 и 6:4, па сега во осминафиналето го чека дуел со Бен Шелтон.


1 view

Comments


bottom of page