top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Синер не размислувал за калкулации: Важна ми беше само една работа

Јаник Синер можеше да калкулира на дуелот со Холгер Руне и да го елиминира Новак Ѓоковиќ од завршниот Мастерс во Торино, но наместо тоа реши да оди на уште една победа со пожртвувана игра во три сета.

Италијанецот го победи данскиот ривал и со максимален учинок го заврши настапот во групната фаза, а по дуелот истакнал дека му било важно да стигне до нов триумф по тој во претходното коло против Ѓоковиќ.

– Ми беше важно да се ресетирам по триумфот над Ѓоковиќ.

– Сакав да се борам од самиот почеток, бидејќи досега немав победа над Руне. Тој сервираше многу подобро од вториот сет, но на крајот и се израдував на оваа голема победа, – изјавил Синер, кој во вториот сет се пожали на повреда на грбот, но продолжи да игра.

– Осетив болка во грбот, некој „клик“ после едно движење, но помина. Се е во ред со моето тело, – истакнал Синер, кој денеска ќе го дознае противникот во полуфиналето.


2 views

コメント


bottom of page