Синер: Не играм за бројки и рекорди, само сакам да сум подобар тенисер!
- Aleksandar Santovski
- Mar 24
- 1 min read
24.03.2026 Mart Vtornik
Италијанскиот тенисер Јаник Синер продолжува со одличните настапи на Мастерс турнирите (освои 26 сета во низа), но останува приземјен и покрај резултатите и рекордите што ги бележи.
Италијанецот после победата над Корентин Муте во Мајами изјави дека е среќен за добрата форма, но смета дека рекордите и бројките за него не се воопшто битни. „Многу сум среќен, но не играм поради рекорди. Играм за да напредувам во формата и секогаш целам кон тоа да бидам подобар тенисер. Нормално е кога сте во одличен ритам да бележите и рекорди, но воопшто не се оптоварувам со бројките“, рече Италијанецот.
Тој нагласи дека тенисот е непредвидлив спорт и дека секој натпревар носи нови предизвици, па затоа фокусот мора да остане на играта и континуитетот.
Синер додаде дека е задоволен од формата, но веќе размислува за следниот меч, со цел да го задржи високото ниво на кое игра во моментов. Во следното коло во Мајами, вториот светски рекет ќе ги одмери силите со Американецот Алекс Михелсен.






Comments