top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Синер: Заедно го победивме Ѓоковиќ

Јаник Синер излезе како победник од битката со Новак Ѓоковиќ во Торино, битка која траеше нешто повеќе од три часа и која заврши со резултат 2-1 во сетови (7:5, 6:7, 7:6).

Италијанецот воден од публиката играше на највисоко ниво и по натпреварот се заблагодари на поддршката.

-Нема подобро место да го победиме светскиот број 1. Успеав да ги одиграм важните поени на најдобар можен начин, кога го загубив вториот сет беше многу тешко, но благодарение на вас (публиката) заедно победивме. Не е ваша привилегија што го гледате натпреварот, туку јас сум привилегиран што ја чувствувам оваа љубов.

-Очигледно, атмосферата беше неверојатна, нели? Многу ми помогнаа. Како што кажав на првиот ден, привилегија е да се игра овде во Торино. Очекував многу тежок натпревар. Со публиката и сите, се трудеа навистина да ми помогнат. Очигледно, многу сум среќен што се обидов да направам сè како што треба. Кога е ваков мечот, дури и кога Италијанец да не игра овде во Италија, секогаш е добра атмосфера, а кога игра Италијанецот е вака. Имаше неизвесни поени, ова е неверојатно. Среќен сум што сум дел од оваа атмосфера, -истакна Синер за кого ова беше прво славје во дуелите со Србинот.

-Кога ќе се земат предвид сите околности, да се игра во Торино против светскиот рекет број 1, кој има освоено 24 грен слем титули, во таква атмосфера и се, мислам дека е врвот на врвовите. Дури и да загубев, натпреварот беше многу добар. Исто така за мојот ум беше важно да бидам блиску на овој натпревар, за да знам дека можам да се обидам да го победам и во следните пресметки, -порача Јаник кој во последниот меч од групата ќе се соочи со Холгер Руне.


1 view

Comments


bottom of page