Синер го откажа учеството во Париз и испрати видео обраќање Тенис
29.10.2024 Oktomvri Vtornik
Јаник Синер пристигна во Париз со цел да ја продолжи својата победничка серија на АТП турот, но ова попладне самиот Италијанец информираше дека сепак нема да настапи на Мастерсот од серијата 1000.
Првиот носител се повлече од францускиот турнир непосредно пред стартот на возбудувањата, со што остави простор неговото место да биде пополнето од „среќниот губитник“, Артур Казо.
Синер ја информираше јавноста дека „закачил“ вирусна инфекција по пристигнувањето во градот на светлината, а тоа е главната причина поради која не е во состојба да се натпреварува на највисоко ниво.
– Разочаран сум што морам да ви соопштам дека нема да играм на турнирот во Париз. Пристигнав неколку дена порано во Париз за да се подготвам на време.
– Сепак, имам вирус во моментов и нема да можам да се натпреварувам и нависитна ми е жал за тоа. Се гледаме наредната година, но се надевам дека турнирот ќе биде добар и без мене, – порача Синер.
Претходно, учеството во Париз го откажа и Новак Ѓоковиќ, па сега главен фаворит за највисок пласман дефинитивно е Карлос Алкарас.
Comments