top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Синедејс“ од 15 до 21 јули: „Анет“ за старт на фестивалот, а Алмодовар за крај

Низ повеќе скопски локации, од 15 до 21 јули, под слоганот „Филм фактор 20“, ќе се одржи 20. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Селектор на програмата на јубилејниот 20. „Синедејс“ е долгогодишниот соработник на фестивалот Бернд Будер, па и годинава ќе има филмови структурирани во повеќе селекции: Официјална селекција, Гала-програма, Селекција на анимирани музички видеа, МК во ЕУ, УНИЦЕФ еко-филм програма, МК кратки филмови, БАФТА 2020, SEE програма, Детска програма, музичка селекција од концерти во специјалната програма на фестивалот – cinEmusic.

Координаторката на фестивалот Маргарита Арсова најави дека во рамки на гала-програмата ќе се прикажат филмови од Канскиот филмски фестивал.

„’Синедејс’ се отвора со истиот филм со којшто се отвори Канскиот фестивал, тоа е ‘Анет’ во режија на Леос Каракс. Ги имаме и филмовите од Нани Морети, Сребреников, и секако филмови на Вуди Ален и Педро Алмодовар“, рече Арсова.


Таа додаде дека ќе има и девет одлични филмови на млади и талентирани европски режисери.

„Во оваа програма имаме филм кој што освои три награди на ‘Санденс’, тоа е филмот ‘Улиште’ на косовската режисерка Блерта Башоли, која ќе биде и наша драга гостинка на фестивалот. Филмот инаку е македонска копродукција на ‘Скопје филм студио’“, информираше Арсова.

Таа го најави и гостувањето на унгарскиот режисер Бела Тар, кој ќе одржи мастер клас на 17 јули, во кино „Фросина“.

Затворањето на фестивалот е со „Човечко срце“ на Педро Алмодовар.



1 view

Comments


bottom of page